Сите во Сампдорија се излечени од Ковид-19

Од:

Излечени се сите фудбалери на Сампдорија кои биле заразени со коронавирус, според тренерот на тимот од Џенова, Клаудио Раниери.

– Сите наши играчи се излекувани. Јас бев многу тажен кога дознав дека има заразени фудбалери на тимот, но фала му на Бога, сè е во ред, прокоментира Раниери.

Првиот позитивен тест за Ковид-19 на играч на тимот беше напаѓачот Маноло Габиадини минатиот месец, а по тоа стана јасно дека се заразени и Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина, Мортен Торсби, Фабио Депаоли и Бартош Берешински.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски