Швајнштајнгер ближи кон 100-ката во дресот на Германија

Од:

Фудбалерот на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајнгер наближува кон бројката од 100 настапи во репрезентативниот дрес на Германија.

29-годишниот фудбалер од средниот ред, се очекува веќе на претстојните два натпревари на Германија во квалификациите за СП во Бразил, против Северна Ирска (11 октомври) и Шведска (15 октомври), да им се приклучи на осуммината фудбалери кои одиграле по најмалку 100 натпревари за фудбалската селекција на Германија.

Најмногу настапи за Германија има Лорат Матеус (150), а од активните фудбалери во „клубот 100„ се, Мирослав Клосе со 130 (второ рангиран), Лукас Подолски 111 (трето рангиран) и Филип Лам кој има одиграно 101 натпревар.

Инаку, Бастијан Швајнштајнгер кој за „панцирните„ дебитираше на пријателскиот натпревар против Унгарија во 2004 година, за селекцијата на Германија досега има одиграни 98 натпревари на кој постигнал 23 голови.

Тој со селекцијата на Германија досега има настапувано на: Европските првенства во Португалија 2004, Австрија и Швајцарија 2008 и Полска и Украина 2012-година, како и на две Светски првенства во Германија 2006 и Јужна Африка 2010-година.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ