Шпанија победи, Касиљас со рекорд

Од:

Шпанија ја совлада Јужна Кореа со резултат од 4:1, а Икер Касиљас влезе во историјата како играч со најмногу победи во дресот на националниот тим, откако го забележа 95. триумф.

Голманот на Реал Мадрид го замени Хозе Реина во 82. минута од средбата со што го подобри претходното постигнување поставено од страна на французинот Лилан Турам.

31-годишниот голман на шпанците го одигра својот 130. натпревар во националниот дрес од Светското првенство во 2002. година па до денес, кога тој го зацврсти своето место помеѓу стативите на Фуријата.

Тој беше капитен на тимот при освојувањето на титулите од Европското првенство 2008 година и на завршницата на Светското првенство во 2010 година кога Шпанија стана Светски шампион.

Головите за Шпанија ги постигнаа Торес, Алонсо, Казорла и Негредо, а почесниот погодок за Кореја го постигна Ким.

На останатите пријателски натпревари одиграни синоќа, Шведска го совлада Исланд со 3:2

Швајцарија – Романија 0:1

Холандија – Словачка 2:0

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ