Шкенија демантира местенка со Портдаун

Од:

Управата, стручниот штаб и играчите на фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово на  прес-конференција одржана во клупските простории на стариот градски стадион ги отфрлија како невистинити информациите што се појавија во повеќе медиуми во Македонија дека реванш средбата со северноирскиот претставник Портдаун, од 1. коло во квалификациите за Лига Европа била наместена.

– Управниот одбор на Ф.К. Шкендија на синоќешната седница донесе заклучок со кој целосно се демантираат информациите од повеќе пишани и електронски медиуми дека нашиот натпревар со Портдаун бил наместен. Ние ќе побараме од компетентните органи и тела целосно да го расчистат овој случај, а доколку органите на ФФМ или УЕФА покренат истрага ние како клуб ќе им ја дадеме целата потребна подршка и информации, а што се однесува до тикетот од обложувалниците што се појави околу овој случај и тука ќе побараме спроведување на потребна постапка рече секретарот на клубот Фикрет Шаќири.

Претседателот на Надзорниот одбор на Шкендија, Хабиљ Беџети рече дека информациите во медиумите кои за основа ги имале социјалните мрежи а не директни контакти со одговорните лица во клубот во многу му одмогнале на клубот и покрај материјална му нанеле и нанадоместлива морална штета.

– Синоќешната седница на Управниот одбор беше на наша иницијатива со единствена цел да се одговори на дезинформациите за наводното местење на натпреварот од наша страна. Ние дополнително ќе побараме одржување на друга седница на која ќе биде разгледан спортскиот дел од поразот од Портдаун и доколку се утврди нечија намерна вина без разлика дали тоа се играчите, стручниот штаб, водството на патот, лекарскиот тим или слично ќе побараме соодветни казни, но повторувам само за фактот дека сме поразени и испаднавме од европските натпревари, а никако дека било кој од клубот би учествувал во договарање на средбата, изјави Беџети.

Шефот на стручниот шатб Ќатип Османи, капитенот Неби Мустафи и голманот Хадис Вели покрај целосното демантирање на наводите за местење се осврнаа и на спортскиот дел од двомечот со Портдаун.

– Изгравме квалитетно прво полувреме и покрај постигнатиот гол имавме и уште неколку шанси за втор гол што ќе го решеше натпреварот во наша корист. Во второто полувреме не одигравме на нивото од првиот дел и примивме два гола по наши грешки, а во последните 10 минути не успеавме да дадеме уште еден гол и загубивме. Во однос на обвинувањата за договорање на мечот сметам дека станува збор за работи директно насочени против работењето на клубот. Одговорно тврдам дека немало никакво местење на резултатот, а грешките што ги направи нашиот голман се составен дел од спортот и тие се дел од кариерите и на Петер Чех од Чешка и други светски признати и познати голмани, изјави Османи.

Обвинувањата за наместен резултат категорично ги отфрли и капитенот Мустафи.

– Како директен учесник во натпреварот сакам да кажам дека меѓу нас немало никакви разговори за евентуално местење и за тоа повеќе не сакам ниту да зборувам. Јас и уште неколку играчи имаме долга кариера во клубот за да си дозволиме да направиме такво нешто бидејќи во случај на пласман во следното коло добивката во сите аспекти е неспоредливо поголема од било каква местенка во кој би учествувале. Многу жалам за елиминацијата бидејќи во првото полувреме контролиравме се на теренот, имавме водство, но според мене фактот што имаме многу млади играчи од кои дел и подоцна се приклучија на подготовките придонесе да не го одиграме целиот натпревар на ниво, истакна капитенот на Шкендија.

Младиот голман на Шкендија Хадис Вели ја презеде врз себе целата вина за поразот и елиминацијата.

– Околу местењето немам што да додадам на она што беше кажано од секретарот, од тренерот и од капитенот. Јас го загубив натпреварот. До двата примени гола можеби бев најдобар наш играч со повеќе сигурни интервенции, но ги примив тие два гола и загубивме. И покрај се имам подршка од сите мои соиграчи и од шефот на стручниот штаб. Јас сум 10 години во Шкендија и доколку би направил било што нерегуларно на штета на клубот како што е местење на натпревар веднаш би престанал да се бавам со фудбал, рече голманот Вели.

Во натпреварот што во вторникот се одигра на теренот на противникот тетовци загубија со 2:1, со голови постигнати по изведен аут и слободен удар речиси од центарот на теренот. На првиот натпревар резултатот беше 0:0 и Шкендија беше елиминирана од понатамошните натпревари во ова натпреварување.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ