Шкендија обезбеди осминафинале во Купот на Македонија

Од:

Фудбалерите на Шкендија од Тетово ја потврдија улогата на фаворит во дуелот со Гостивар од Првото коло од Купот на Македонија. Тие попладнево како гости го совладаа Гостивар со 2:0.

Шкендија поведе во 34.минута со голот на Бесарт Абдурахими, а конечните 2:0 ги постави младиот Зејнулаи. Тетовчани на овој натпревар настапија со неколку млади играчи, а дебитираше и новото засилување Џелил Асани.

Последниот натпревар од првото коло од Купот на Македонија се игра утре. Локомотива е домаќин на шампионот Вардар, а почетокот е во 16:30 часот.

Би можело да ве интересира

Македонија ЃП на пенали го освои трофејот во Купот на Македонија

Силекс го освои фудбалскиот Куп, на пенали беше подобар од Академија Пандев

Жарко Настоски

Силекс и Академија Пандев ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Жарко Настоски

Академија Пандев прв финалист во Купот на Македонија

Жарко Настоски

Извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Македонија

Ана Ололовска

Познати полуфиналистите во фудбалскиот Куп на Македонија

Жарко Настоски