Шестото суперлигашко коло одложено за четири дена

Од:

Дерби натпреварот од 6. коло во кошаркарската Суперлига меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, како и другите два дуела од овој круг, Кожув – Струмица и Куманово – Лирија, кои требаше да се одиграт утре и задутре, по барање на МВР се одложени за четири дена.

– Во врска со барањето на Министерството за внатрешни работни, заради зголемениот обем на активностите на припадниците на Министерството, а согласно Член 12 од Пропозициите за натпреварување, шестото коло од кошаркарската Суперлига се одложува. Новиот термин за одигрување на натпреварите е 29/30 Април 2014 година (вторник/среда), соопшти Комисијата за натпреварување при Македонската кошаркарска федерација.

Од МКФ информираа дека вечното дерби ќе се игра во вторник од 17 часот и 30 минути, а другите два натпревара ден подоцна.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ