Шестмесечна суспензија за капитенот на Лацио

Од:

Капитенот на Лацио, Стефано Маури e суспендиран на шест месеци поради вмешаност во скандал со наместени натпревари, одлучи денеска Италијанската фудбалска федерација.
Маури е еден од осуммината кои беа обвинети дека ги наместиле натпреварите од Серија А Лацио – Џенова и Лече – Лацио во мај 2011 година.
Конкретно Маури е прогласен за виновен за удел во местењето на Лацио со Лече, а е ослободен за учество во нечесни игри на средбата Лацио – Џенова.
Обвинителот бараше Маури да биде казнет со суспензија од четири и пол години, а клубовите Лацио со одземање на шест бодови, додека Џенова и Лече со минус три.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ