Шеста победа на Кожув во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Кожув го продолжија победничкиот настап во регионалната Балканска лига (БИБЛ).

На средбата одиграна вечерва во салата „26 Април’’ во Гевгелија, кошаркарите на Кожув во дуелот од 7.коло против романската екипа Крајова славеа убедлива победа со 80:63.

Во редовите на Кожув, Миладин Пековиќ и Драшко Албијаниќ имаа идентичен учинок од 14 поени и 10 скокови, а со двоцифрен број поени (10) имаше и Алексеј Нешовиќ.

Со максимален учинок од шест победи во исто толку одиграни натпревари во БИБЛ конкуренцијата, гевгелискиот тим е на првата позиција на табелата во Б групата, во која попладнево се одигра и натпреварот во Приштина во кој Сигал загуби со 104:91 во дуелот со црногорскиот Морнар.

Табела: Кожув 12, Сигал (Приштина) 10, Морнар (Бар) 9, Крајова 6 и Влазнија (Скадар) 5.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ