Трката за ГН на Франција во мотоциклизам е шестата одложена трка во Мото ГП шампионатот во 2020 година поради пандемијата на коронавирус.
Настанот, според календарот, беше закажан на 17 мај на патеката во Ле Ман.
Пред Франција, трките во Мото ГП шампионатот претходно се откажаа и во Катар, во САД, во Аргентина, во Шпанија и на Тајланд.
Прва наредна трка во Мото ГП календарот е за ГН на Италија што треба да се вози на 31 мај.