Шарапова и Венус Вилијам добија „вајлд-карта“ за турнирот во Синсинати

Од:

Поранешните бр.1 во светот, Марија Шарапова и Венус Вилијамс добија специјални покани да учествуваат во главната шема на ВТА турнирот во Синсинати.

Лидер во шемата ќе биде Ешли Барти, по што следат Наоми Осака и Каролина Плишкова. Актуелен шампион е Холанѓанката Кики Бертенс.

Турнирот ќе се одржи помеѓу 10 и 18 август.

– Марија и Винас се две од најголемите шампионки во историјата на играта. Со нетрпение очекуваме да ги видиме меѓу учесниците следниот викенд“, изјави директорот на турнирот во Охајо, Андре Силва.

Шарапова, пак, порази четворица од најдобрите 15 тенисери на патот кон својата титула во турнирот во 2011 година.

Во исто време, 39-годишната Венус ќе учествува на овој турнир по седми пат. Нејзиниот најдобар настап беше во 2012 година кога загуби од идниот шампион Ли На.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он