Шампионката на УС Опен го пропушта Австралија опен

Од:

Шампионката на УС Опен, Бјанка Андреску, ќе го пропушти првиот Гренд-слем турнир во годината. 19-годишната Канаѓанка објави дека нема да се врати за стартот на Австралија опен.

Четвртата во светот претрпе повреда на коленото за време на финалето на ВТА турнирот во октомври. Минатиот септември, таа ја победи Серена Вилијамс на финалето во Њујорк и ја освои својата прва Гренд-слем титула.

– Се чувствувам подобро секој ден, но за жал, Австралија опен е премногу рано во однос на моето закрепнување, рече Андрешеску.

Ричард Гаске, исто така, нема да учествува на Австралија опен. 33-годишниот Французин, кој е на 60-тото место на светската ранг листа, нема да игра поради повреда на коленото.

Гаске, кој е полуфиналист на три Гренд слем турнири, се повреди во октомври минатата година за време на „Мастерс“ турнирот во Париз и сè уште не е опоравен.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он