Севиља го посака финалето на Лигата на Европа во спомен на Рејес

Од:

Шпанската фудбалска федерација во име на својот претседател Лиус Рубиалес, повика УЕФА да го додели финалниот натпревар на Лига Европа во 2021 година во Севиља во спомен на починатиот фудбалер Хозе Антонио Рејес.

Поранешниот играч почина на возраст од 36 години како резултат на сообраќајна несреќа на 1ви јуни. Автомобилот на Рејес излета од патот, се преврте и потоа се запали.

Во соопштението се вели дека Шпанската федерација би сакала да биде домаќин на финалето на Лига Европа 2021 година да биде „Рамон Санчез Писхуан“. Во февруари УЕФА објави дека Тбилиси и Севиља ќе спорат за домаќинството на финалната средба.

Рејес игра во Севиља во 1999-2004 година и 2012-2016 година и ја освои три пати Лига Европа (2013/14, 2014/15, 2015/16 година). Тој, исто така, стана шампион на Англија со Арсенал, го освои Шпанскиот шампионат со Реал Мадрид. Тој два пати ја освои Лигата на Европа и со Атлетико Мадрид.

Како дел од шпанската репрезентација (до 19 години) стана шампион на Европа во 2002 година. Има 22 натпревари и 4 гола за сениорите.

Би можело да ве интересира

Рамос: Реал ќе продолжи да се подобрува

Ана Ололовска

Бензема му донесе три бода на Реал од гостувањето во Севилја

Ана Ололовска

Суарез: Ние сме Барселона и не треба да си дозволуваме ваков пораз

Гранада и го нанесе вториот пораз на Барселона оваа сезона

Зидан не е засегнат од шпекулациите за негова можна смена со Мурињо

Ана Ололовска

Валверде: Време е да ставиме крај на ужасните игри

Ана Ололовска