Сестрата на починатиот Сала гневна поради споделени фотографии од телото на фудбалерот

Од:

Ромина Сала, сестрата на фудбалерот Емилијано Сала, е многу лута поради тоа што некој објави фотографии на Инстаргам од телото на нејзиниот брат.

Сала го загуби животот во авионска несреќа при транспорт од Нант во Кардиф Сити.

– Видов фотографии од телото на Емилијано, закачени на Инстаграм, и не можев да верувам дека има такви зли луѓе што можеле да го сторат тоа. Се обидов да спречам тие фотографии да бидат споделени на другите социјалните мрежи. Мајка ми се обиде да не ги види овие ужасни слики, изјави Ромина.

Таа додаде дека е многу вознемирена што луѓето почнаа да се шегуваат за ова.

– Никогаш нема да ги избришам сликите од мојата меморија. Другиот мој брат и мајка ми исто така не можат да заборават на тоа. Да се ​​живее со оваа слика пред очите е многу тешко, потенцира сестрата на трагично загинатиот Емилијано Сала.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ