Серван: УЕФА сака Јувентус да ја освои Лига Европа

Од:

Потпретседателот на Бенфика Силвио Серван, во пресрет на реваншот во Торино, ја обвини УЕФА дека го сака Јувентус во финалето на Лига Европа.

Бенфика која минатата година беше финалист во ова натпреварување, на првиот дуел од полуфиналето во Лисабон го победи Јувентус со 2:1.

– Помина многу време откога еден италијански клуб освоил европски трофеј.

Воопшто не се сомневам дека УЕФА, пред се за комерцијални цели, го сака Јувентус во финалето и на тронот. Освен тоа, УЕФА сака во Суперкупот кој годинава ќе се одржи во Кардиф, клуб со голема историја, рече Серван.

Бенфика веќе ја освои шампионска титула во Португалија, а ќе игра и во финалето на националниот куп.

– И ние сме исто така голем клуб. Фудбалот е убав ако се игра само на терен. Но, ако постојат и други матни игри надвор од теренот, тогаш не може да се верува во убавината на овој спорт, изјави потпретседателот на Бенфика.

Реванш полуфиналниот натпревар во Лига Европа меѓу Јувентус и Бенфика ќе се одигра вечерва од 21 часот и 5 минути во Торино.

Во истиот термин е и второто полуфинале во кое Валенсија е домаќин на Севиља која по првиот дуел има убедлива предност од 2:0.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ