Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против Ерменија.
Милевски ги повика следниве играчи:
Голмани: Филип Илиќ и Боби Целески;
Одбрана: Давид Атанаскоски, Алекс Симовски, Костадин Чешмеџиев, Алекса Амановиќ, Јован Попзлатанов, Стефан Костов и Бесарт Кривањева.
Среден ред: Тихомир Костадинов, Енур Тотре, Давор Здравковски, Никола Кулески, Дин Аломеровиќ и Кристијан Филиповски.
Напад: Емил Абаз, Петар Петковски, Селмани Ремзифаик, Бобан Георгиев, Даниел Крезиќ и Демир Бенјамин.
Натпреварот Ерменија – Македонија е закажан за 5 септември во Ереван, Ерменија.