Се подготвува новиот договор за Јоаким Лев

Од:

Фудбалската федерација на Германија уште веќе го има подготвено новиот договор за селекторот Јоаким Лев.

Фудбалската репрезентација на Германија во случај на победа во дуелот со Северна Ирска, закажан за во петок во квалификациската група Ц, ќе го осигура своето место на Светското првенство во Бразил следната година.

Затоа челниците на Фудбалската федерација на Германија, уште од сега размислуваат да се осигураат, па да на лев ќе му понудат нов повеќе годишен договор на селекторската функција.
Селекторот на „панцирните„ Јоаким Лев пред овој дуел, се судрува со неколку откажувања, па така поради повреди во селекцијата ќе ги нема, Мирослав Клосе, Марио Гомез и Лукас Подолски.

– Добро е што можноста да обезбедиме пласман на Мундијалот ќе ја имаме на домашен терен во Келн, а секако ќе атакуваме на победа, изјави селекторот Лев во пресрет на натпреварот со Северна Ирска.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ