СЦ Истатов победник во Купот на Македонија во женска конкуренција

Од:

СЦ Истатов е освојувач на двојната круна во фудбалскиот шампионат во женска конкуренција на Македонија.

Актуелниот шампион во финалето од Купот на Македонија во Струмица ја совлада екипата на ЖФК Тиверија со 4:2 и ги обедини титулите.

Ели Јаковска во првата минута го постигна голот за водство на СЦ Истатов, а веќе во шестата Тиверија го израмни резултатот со погодокот на Теодора Димоска. Рабија Дервиши во осмата минута се радуваше на гол за тимот на Тиверија и резултатски пресврт, а голеадата во првите петнаесет минути продолжи со новиот израмнувачки погодок на Ели Јаковска за 2:2. Во 26. минута Јана Чубриновска славеше погодок за Истатов за водство од 3:2, а конечниот резултат го постави Ели Јаковска во 77. минута.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург