Саутгејт и Невил со 30 отсто помали плати

Од:

Селекторите на машката и на женската фудбалска репрезентација на Англија, Герет Саутгејт и Фил Невил ќе добијат помали плати за 30 отсто.

Саутгејт, кој со Гордиот Албион играше во полуфинале на Светското првенство во Русија, има годишен договор на три милиони фунти, додека Невил, како предводник на фудбалерките, заработува 300.000 фунти годишно.

„Ова се сериозни времиња и не беше лесно да се донесат вакви одлуки“, рече Марк Булингам, извршен директор на Фудбалската Асоцијација (ФА).

Од ФА истакнаа дека сите вработени кои имаат годишна плата до 50.000 фунти ќе имаат привремено кратење за 7,5 отсто, а оние кои се наоѓаат во повисока категорија ќе земаат за 15 отсто помали плати.

Булингам притоа додаде дека загубите на ФА се проценуваат на околу 100 милиони фунти во кои влегуваат „минуси“ за одложените меѓународни натпревари на репрезентациите, како и одложените настани на „Вембли“.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ