Самсоненко се повлекува од Вардар

Од:

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко по завршување на оваа сезона решил да го прекине спонзорството на Вардар.

Во продолжение следува соопштението на Самсоненко.

Почитувани граѓани на Македонија, пријатели!

Вчеравечер се вратив во Скопје и бев длабоко вознемирен од сето она што го прочитав во медиумите, на социјалните мрежи, порталите… Првото прашање што си го поставив себеси беше со што јас и моите колеги од Вардар заслуживме вакви навреди?

Македонија е дом за мене и за моето семејство веќе 11 години, во овој период од срце инвестирав огромни средства во развој на спортовите во земјава. Драги пријатели, цената на ниту еден билет не може ниту, пак, сакам да го врати тоа што го вложив без никаква задршка во македонскиот ракомет, фудбал, тенис и друго… токму поради тоа јас, од мое име и од името на управата на ФК Вардар, донесов одлука.

Долго време се воздржував да реагирам на навредите што ги пласираа против мене одредени медиуми и поединци… и сакам да кажам, доста е! Никогаш во животот не сум доживеал ваков линч, навреди и омаловажување какво што доживеав во изминативе денови.

Ви благодарам многу, се чини дека ова е надомест за сè што направив. Доста е, одлуката, колку и да ми беше тешко, ја донесов. Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија. По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови. `

Во врска со билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче, одлучив да ги продаваме сите билети по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина. На сите кои купиле билет по стара цена, средствата ќе им бидат рефундирани.

Напред Вардар!

Сергеј Самсоненко

Би можело да ве интересира

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он

Муцунски: Вардар и Комити добиваат нов спортски терен во Аеродром, поддршката за клубот продолжува и во иднина

Бугарската Фондација не се откажува: Вардар не искористи, влегуваме во Втора или Трета лига со 120.000 евра

Орце Костов