Грчката тенисерка Марија Сакари го обезбеди настапот на ВТА завршниот турнир, откако обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Москва со победата над Русинката Ана Калинскаја.
Противничка на Сакари во четвртфиналето во Москва ќе биде Романката Симоне Халеп.
Грчката тенисерка оваа сезона играше во финалето на ВТА 500 турнирот во Острава и стигна до полуфиналето на Ролан Гарос и ЈуЕс Опен.
-Многу сум горда на себе и на мојот тим, бидејќи за прв пат успеавме да се пласираме во завршницата, а тоа воедно е и прв пат во историјата на грчкиот женски тенис, изјави 26-годишната Сакари.