Фудбалерките на Соединетите Американски Држави се првите финалистки на Светското првенство што се игра во Канада. Тие ноќеска во полуфиналето ја победија Германија со 2:0.
Стрелци на головите беа Карли Лојд од пенал во 69.минута и „резервистката“ Кели О‘Хара во 84.та минута од натпреварот.
Америка досега има два шампионски трофеја од Мундијалите освоени 1991 и 1999 година.
Противник на САД во борбата за трофејот ќе биде подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат актуелниот првак Јапонија и Англија (почеток 1 часот по полноќ).