Руски пратеник предлага нов спорт – борби на хулигани

Од:

Пратеникот во руската Дума, Игор Лебедев предложи оригинално решение за проблемот што Русија го има со хулиганите во пресрет на Светското фудбалско првенство, кое ќе се одржи наредната година.

Имено, Лебедев смета дека хулиганството официјално треба да стане спорт, да има арена за „борбите“ и тие да се пренесуваат на телевизија, јави ТАСС.

На минатогодишното Европско првенство одржано во Франција, руски навивачи за кои гласините говорат дека голем дел од нив биле обучени, предизвикаа тепачки со англиските навивачи на улиците на Марсеј. Токму тоа го инспирирало Лебедев да ги срочи правилата на „новиот спорт“ што тој го нарече „драка”, што на руски значи – „тепачка“.

Концептот е едноставен: во арената има 20 невооружени борачи, односно хулигани, и секој се пресметува со секого.

Лебедев, кој доаѓа од редовите руската националистичка Либерално демократска партија на Владимир Жириновски, и које член на управата на Рускиот фудбалски сојуз, на официјалната интернет страница напиша дека таквите организирани борби „би можеле навивачката агресија да ја насочат во мирен правец”.

– Русија би била пионер во новиот спорт. Англиските навивачи ќе дојдат, на пример и ќе почнат да бараат кавга. И ќе им стигне одговор: Предизвикот е прифатен. Средба на стадионот во (определено време), стои во објавата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Десничарски хулигани упаднаа и запалиjа хотел со баратели на азил во Англија

A1on

(ВИДЕО) Хаос на софиските улици: Навивачи предизвикаа „војна“ со полицијата, неколкумина се повредени

Собрани 2.555 евра за казни: Судот во Скопје пушти на слобода 12 навивачи на Левски

A1on

ВИДЕО: Пријател на избодениот Бугарин во Скопје: Полицијата точно знаеше колку коли скршнавме во опасната населба

А1он

Масовно апсење во Русија: Хулиганите со факели за малку ќе запалеа патнички воз

Над 50 навивачи на киевски Динамо уапсени по немирите во Лисабон

А1он