Собрани 2.555 евра за казни: Судот во Скопје пушти на слобода 12 навивачи на Левски

Од:

Судот во Скопје пушти на слобода 12 бугарски навивачи на ФК Левски кои беа приведени по мечот со Шкупи во Скопје.

„Во судот во скопје биле процесуирани 12 од приведените бугарски навивачи кои добиле прекршочни казни и тоа 9 добиле казна глоба од 250 евра а 3 од 100 евра. Казните се платени и лицата се пуштени, а делото за кое биле казнети е навредување полициски службеници“, соопштија за „А1он“ од Судот.

Навивачите платиле вкупно 2.555 евра казна пред да тргнат кон Бугарија. Како што наведуваат бугарските медиуми, казните им се платени со парите собрани од фанови на фудбалскиот клуб преку специјална акција за собирање средства.

На „Фејсбук“ страната на „100 години Левски – Софија“ се наведува дека навивачите на Левски наводно биле држени речиси еден ден во полициските подрачни канцеларии низ Северна Македонија под крајно мизерни услови.

„На навивачите не им се дава храна, а вода може да пијат само од чешмата во тоалетот“, се вели во објавата каде во прилог има фотографија од тоалет кој наводно се наоѓа во станицата.

А Бугарската национална телевизија објави дека 11 приведени поддржувачи на клубот споделиле дека односот на управата кон нив бил добар – добиле храна и вода и можност да контактираат со своите роднини.

За насилството пред и по натпреварот приведени беа 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир. Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. Околу полноќ полициските службеници приведоа и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, информираа синоќа од МВР.

Би можело да ве интересира

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

(ВИДЕО) Снимка од навивачките нереди во Загреб: Повредени полицајци, приведени навивачи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на софиските улици: Навивачи предизвикаа „војна“ со полицијата, неколкумина се повредени

ВИДЕО: Инвазија од 100 илјади фанови, тепачки, најголема мобилизација на полицијата

Предраг Петровиќ

Малолетник нападнал полицајци во СРЦ „Кале“, во станица завршиле и петмина скопјани

Горан Наумовски

Македонците од Албанија за пописот: Од кога сме родени знаеме што сме, Бугари ниту имало ниту ќе има

А1он