Масовно апсење во Русија: Хулиганите со факели за малку ќе запалеа патнички воз

Од:

Полицијата уапси група навивачи во Казан, кои запалија факели во воз и за малку ќе предизвикаа катастрофа на пат од Новгород.

Руското МВР соопшти дека морало да реагира пред рускиот Суперкуп во Татарстан поради хулигани, но засега не се знае чии поддржувачи се уапсените.

„Вечерта на 14 јули, дежурните единици добија повик дека патниците на електричен воз на релација Нижни Новгород-Казан дека се уништува инвентар, се палат факели и се нарушуваат јавниот ред. По пристигнувањето на станицата во Казан, полицајците приведоа 35 граѓани. Сите се навивачи кои оделе на фудбалски натпревар“, се наведува во полициското соопштение.

Против 28 уапсени за хулиганство е поведена прекршочна постапка.

Се претпоставува дека руските навивачи тргнале на денешниот Суперкупот на Русија, односно натпреварот помеѓу минатогодишниот шампион и победникот на Купот.

Фудбалерите на Зенит и ЦСКА Москва се борат за првиот трофеј во сезоната.

Би можело да ве интересира

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

ВИДЕО: Нов напад на Русија

Предраг Петровиќ