Ѕвездата на португалскиот фудбал Кристијано Роналдо по натпреварот со Србија во квалификациите за ЕУРО 2020 одирган синоќа во Лисабон (1:1) рече дека тимот одигра подобро отколку на претходниот меч со Украина (0:0).
Роналдо кој поради повреда теренот го напушти по само 30 минути не реализира две убави шанси за гол.
– Игравме доволно добро и создадовме многу шанси. Бевме подобри отколку со Украина. Но, едноставно топката не сакаше да влезе во голот, рече Роналдо.
Португалија по два натпревара има два бода и е на 3.место во Б-групата.