Роналдо не дозволува Фалкао да дојде во Реал

Од:

Колумбискиот репрезентативец Радамел Фалкао веќе го договорил трансферот со Реал Мадрид јавија шпанските медиуми, но трансферот би можел да пропадне поради противењето на Кристијано Роналдо.

Ѕвездата на Реал не ја поддржува идејата за доведување на Колумбиецот во Мадрид и побарал раководството на клубот да ги откаже сите планови поврзани со ангажирањето на Фалкао.

Останува да се почека разврската и да се види дали големата желба на Фалкао да заигра за Реал Мадрид ќе остане неисполнета поради „ембаргото“ на Португалецот.
Инаку, Фалкао има актуелен договор со Монако, но најави предвремено напуштање на францускиот клуб. Поради повреда колумбискиот напаѓач не настапува за својата репрезентација на Мундијалот во Бразил.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ