Роналдо има намера да го испише своето име во историјата на фудбалот

Од:

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека е мотивиран да освои нови награди. Португалецот е петкратен освојувач на „Златната топка“ и нема намера да застане на оваа награда.

– Јас секогаш се стремам да победам, пред сè, кога се ова се однесува на тимските трофеи. Впрочем, тие индиректно носат поединечни награди. Секој ден се будите со цел да постигнете нешто, а не само да заработувате пари. Фала му на Бога, не ми требаат уште пари. Сакам да внесам моето име во историјата на фудбалот и да продолжам да победувам сè повеќе, изјави Роналдо.

Португалецот ќе се обиде во претстојната сезона да го однесе Јувентус на врвот во Лигата на шампионите и на тој начин да дојде до нови индивидуални признанија.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ