Роналдо честел вечера во Доха, тројца од соиграчите не се појавиле

Од:

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо (37) ги награди соиграчите (3:2) со вечера по победата над Гана (3:2) на почетокот на Светското првенство.

По натпреварот во кој постигна гол и влезе во историјата како единстврниот играч кој бил стрелец на пет Мундијали, Роналдо, за соиграчите организирал вечера во луксузниот ресторан Тател де Доха и ја платил целата сметка.

Како што објавија британските медиуми, тројца од 25. соиграчи на Роналдо не се појавиле. Тоа се Хозе Са, Бернардо Силва и Жоао Кансело.

На турнејата во Катар овие тројца се со совоите семејства, сакале слободното време да го минат со своите најблиски отколку да бидат на вечерата организирана од Роналдо.

Роналдо зад себе имаше турбулентен период. Тековната сезона беше катастрофа за него во Манчестер јунајтед, а откако даде експлозивно интервју за Пирс Морган, во кое го клеветеше клубот и неговите поранешни и сегашни менаџери и играчи, клубот му го раскина договорот.

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата