РК Вардар преку соопштение реагира на делегираните судии за претстојните средби во ЛШ

Од:

Пред претстојниот реванш натпревар помеѓу Вардар и Флензбург за пласман на ракометниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите во Келн од таборот на македонскиот првак денеска преку соопштение се огласија околу номинацијата на делителите на правдата.

Во соопштението на Вардар се вели:

– Цениме, дека се конструираат одредени дејствија во случај клубот повторно да реагира на реалните случувања. Пред неколку денови нашата управа одржа прес-конференција на која ги изнесе аргументите и реагираше за именување на составот што ќе ја дели правдата, кој е од Данска. Во тимот на Флензбург, нашиот ривал, главниот спонзор исто така доаѓа од Данска, како и големиот дел од ракометарите.

Вчера беа номинирани руски судии за полуфиналниот натпревар од Ф4 турнирот во женска конкуренција меѓу Вардар и ЧСМ Букурешт што треба да се игра во Будимпешта на почетокот на мај. Дали номинацијата на оваа судиска двојка е резултат на нашите изнесени информации имајќи го предвид составот на женскиот ракометен клуб Вардар каде голем дел од ракометарите се од Русија, главниот тренер е Русин, а и спортскиот директор и главниот спонзор се исто така од Русија? Дали луѓето што ги делегираат судиите имаат за цел да не замолчат или се конструира потенцијален спин доколку има повторно реакција од наша страна?

Вардар е секогаш за фер игра, каде се залагаме да победи поквалитетната и подобра екипа, а ги почитува сите судии, но не се согласува со делегирањето каде постои можност за субјективност. Доколку се работи за натпревар од групната фаза делегирањето на судиите немаше да биде поттик за реакција од клубот.

Машкиот тим на Вардар за 24 часа го игра историскиот меч од постоењето на клубот, и би сакале да спречиме било каков потенцијал за постоење на судир на интереси.
Клубот денеска ќе испрати писмо до ЕХФ каде ќе побара промена на судиската двојка во полуфиналниот натпревар од Ф4 турнирот во женска конкуренција во Будимпешта.

Нема калкулации и компромиси, ќе се бориме до крај, ќе се бориме за македонскиот ракомет, ќе се бориме за Вардар, стои во обраќањето до јавноста од страна на РК Вардар.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ