Ристовски: Не замислував дека би можел да дојдам во Скопје и да бидам противник

Од:

Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски изјави дека не ни замислувал некогаш во кариерата да гостува во Скопје на арената „Тодор Проески“, каде порасна како дете на Вардар, во улога на противник. Тој синоќа играше за Динамо Загреб на дуелот против Шкупи, а неговиот тим славеше со 0:1. Голот го постигна Аријан Адеми.

„Уште како дете додека бев во Вардар знаев што значи Динамо, а не ни замислував дека со Динамо ќе играм на овој стадион каде што пораснав и дека ќе бидам противник. Сепак, драго ми е што победивме и обезебедивме пласман понатаму“, изјави Ристовски по мечот.

Тој истакна и дека Шкупи беше цврст противник.

„Шкупи е цврста екипа, која игра во два блока и која чека на контранапад, а имаат опасни и брзи напаѓачи. Денеска во фудбалот нема лесни противници, а знам како на Динамо се гледа на овие простори. Шкупи е првак на Македонија и немаше што да изгуби. Влегоа со полн ангажман, но за нас е најважно дека поминавме во следното коло“, дополни Ристовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Максимир го испрати Аријан Адеми: Ова беа моите најубави 13 години од животот

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Хаос на Чаир: Тепачка, навивачи на терен, во прекин дербито Шкупи-Шкендија

Катерина Павлова-Николовска

Милан со прва домашна победа во ЛШ од 2013, Шахтјор и Селтик со реми

Шкупи загуби од косовскиот Балкани во Скопје

Шкупи на еден чекор до историски успех: Убедлив триумф против Балкани ќе осигура групна фаза во КЛ