ВИДЕО: Нова вознемирувачка снимка од тепачката во Атина, се гледа нападот на убиенот Михалис

Од:

Грчкиот медиум СКАИ објави нова снимка од навивачкиот конфликт во Атина, а на една од нив се прикажани моментите пред смртта на 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис.

Починатиот Кацурис носел сина маица и кацига за мотор. На видеото се гледа како некој го фаќа и го удира.

Во петтата минута и 56. секунда од прилогот на телевизијата се гледа дека убиениот откако бил ранет влегува во продавницата и паѓа зад фрижидерот.

Потоа следува снимка на која се гледа како некој го удира со предмет кој личи на палка, по што Кацурис ја симнува кацигата и се гледа дека има т.н. фантомка. По ударот побегнал и погледнал во раката.

Дел од снимката, онаа со Кацурис, беше објавена и на Х, поранешен Твитер. Овде тие се подредени хронолошки.

Грчкиот медиум Newsit пишува дека првите ДНК примероци собрани од облеката и телото на Михалис Кацурис не водат до специфичен генетски код и дека истражителите сега се фокусираат на снимката од нередите пред стадионот на АЕК.

Адвокатот на семејството на 29-годишниот Михалис Кацурис, кој беше убиен во немирите во Грција, Христос Мавроматис, зборуваше за грчката ЕРТ. Тој рече дека не знае дали убиецот е меѓу 105-те хулигани кои беа уапсени и приведени.

„Се плашам дека ако немаме брзи резултати, одредени резултати, дека ќе започне дискусија која ќе има речиси провокативна логика, секој ќе се огласи и ќе каже дека сторителот е Хрват, други ќе кажат дека сторителот е Грк. Претседателот на Хрватска ќе го каже своето. Грците ќе го кажат своето. Секој ќе ја каже својата приказна. Ризикуваме да влеземе во дебата додека материјалот е нецелосен, додека материјалот не нуди докази“, рече тој.

Мавроматис изрази уверување дека има материјал кој ќе доведе до идентификација на сторителот.

„Мислам дека материјалот постои. Имаме видео, визуелен материјал, имаме биолошки материјал, имаме средства кои евентуално биле користени за извршување на злосторства. Имаме апсења. Тешко ако во овој случај каде што имаме сè – не најдеме сторителот“, рече тој.

На сите 105 уапсени по жестокиот уличен конфликт меѓу навивачките групи пред стадионот на АЕК во Атина, во кој беше убиен 29-годишниот Михалис Кацурис, им е одреден притвор, јавуваат грчките медиуми.

Притворот за последните 33 обвинети кои вчера ја признаа вината ја заврши истражната постапка, а уапсените ќе бидат ставени во 16 различни затвори на грчка територија, објави грчкиот портал sdna.gr.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски