АЕК го победи Динамо во Загреб во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите

Од:

Фудбалерите на АЕК вечерва во Загреб го победија Динамо со резултат 2:1 (0:1) во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Динамо поведе со голот на Марко Булат во 39. минута. Гостите израмнија со голот на Стивен Зубер во 59. минута, а победата на грчкиот шампион му ја донесе Константинос Галанопулос во 90. минута. Реваншот се игра во сабота во Атина.

Првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо требаше да се одигра на 8 август во Атина, но тој беше откажан поради конфликтот меѓу навивачите на двата клуба. Во тие судири загина навивачот на грчкиот клуб Михалис Кацурис, а осум лица беа повредени.

Би можело да ве интересира

Динамо во 2026 година се сели од Максимир, ќе игра на стадион од 44 милиони евра

Предраг Петровиќ

Динамо носи засилување од 2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Динамо Загреб се пласираа во Лигата на шампионите

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните