Реприза на кошаркарското финале од Пекинг

Од:

Дрим тимот на САД лесно и убедливо ја заврши задачата во полуфиналето против Аргентина славеше со 109:83 и во финалето ќе игра против селекцијата на Шпанија, исто како и пред четири години во Пекинг.

Аргентинците со Џинобили и Скола имаа сили само за едно полувреме, по кое губеа со подносливи 47:40. Потоа Американците се растрчаа по теренот и на крајот победија со 26 поени разлика.

Дурент постигна 19, а Ентони и Џејмс по 18 поени во американскиот состав, додека Ману Џинобили со 18 поени беше најдобар реализатор кај селекцијата која ќе се бори за бронзените медали.

Финалето е закажано за во недела од 16:00 часот.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ