Ренова го растури Либертас

Од:

Фудбалерите на Ренова со високи 4:0 ја победија екипата на Либертас од Сан Марино во првиот натпревар од првото квалификациско коло од Лига Европа.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, на натпреварот одигран попладнево на „Милано Арена“ во Куманово, победата против Либертас ја најави по 14 минути игра, кога веќе имаше два гола предност. Муарем Бајрами во 10. и 14. минута со удари од белата точка (пенали) и донесе водство на Ренова од 2:0.

Два гола „гипсарите“ од Џепчиште постигнаа и во вториот дел. Љавдрим Скендери со 60. минута зголеми на 3:0, а конечниот резултат го постави Муарем Бајрами постигнувајќи хет-трик во 83. минута.

Реванш натпреварот се игра по седум дена во Сан Марино.

Би можело да ве интересира

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ