Рекорден број на светски лидери на отворањето на ОИ

Од:

Многу познати светски личности, вклучувајќи и 120 светски лидери, во петок ќе присуствуваат на церемонијата на свеченото отворање на 30-те Олимписки игри во Лондон.

На церемонијата на отворањето ќе присуствува и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов со сопругата, а меѓу другите гости се очекува да бидат присутни Мишел Обама, кралот на Свазиленд, Анџелина Џоли.

Лондон на отворањето на Олимписките игри очекува рекорден број на шефови на држави и влади, кои ќе ја проследат церемонијата на отворањето, која организаторите ги чини 42 милиони долари.

Германската канцеларка Ангела Меркел и јапонскиот премиер Јошихико Нода ќе бидат само некои од лидерите кои ќе го гледаат шоуто кое го режираше Дени Бојл, во кое има и живи овци но и хирурзи-танчери од Националната служба за јавно здравје.

Британската кралица Елизабета II официјално ќе ги отвори Игрите на церемонијата чија што содржина сеуште е тајна, но се очекува да има и сцена во која филмската дадилка Мери Попинс го уништува непријателот на Хари Потер, лорд Волдеморт.

Првата дама на САД, Мишел Обама ќе ја предводи американската делегација, барем засега во Лондон не се очекува присуството на нејзиниот сопруг Барак Обама, но на церемонијата ќе биде присутен неговиот противник во предизборната трка Мит Ромни.

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин на отворањето ќе седат во друштво на европското племство, вклучувајќи го и принцот Алберт од Монако.

Руската делегација ќе ја предводи премиерот Дмитри медведев, а претседателот Владимир Путин можеби ќе го посети Лондон, но само за да ги гледа борбите во џудо, спорт во кој тој е носител на црн појас.

Пред четири години во Пекинг, на отворањето на Игрите, беа присутни 80 светски државници, бројката во Лондон е рекордна, а по завршувањето на церемонијата тие ќе се префрлат во Бакингемската палата.

Многу внимание привлекуваат и забавите кои ќе се одржуваат за време на Игрите, вклучувајќи ја и гала вечерта во Музејот Викторија и Алберт, во чест на боксерската легенда Мухамед Али.

Холивидската двојка Анџелина Џоли и Бред Пит ќе помогнат во организацијата на оваа вечер, каде ќе се собираат и сретства за хуманитарната организација „Со спорт до мирот“.

Забава ќе приреди и производителот начасовници Омега, а на забавата се очекуваат австралиската актерка Никол Кидман и американската пливачка звезда Мајкл Фелпс.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он