Реина: Не сакав да одам во Наполи

Од:

Разочаран од одлуката на раководството да го испрати во Наполи, долгогодишниот голман на Ливерпул, Пепе Реина преку соопштение им се обрати на навивачите на „црвените“ од Енфилд.

– Разочаран сум што ме пратија на позајмица во Наполи, посебно што не бев консултиран за таквата одлука. Мислам дека заслужив подобар однос, но ги разбирам тешките одлуки кои во фудбалот понекогаш се неизбежни. Разочаран сум што нема да бидам дел од иднината на Ливерпул. Не беше мое решението да одам, ама ќе го прифатам, изјави Реина.

Тој во Ливерпул беше член од 2005 година кога во клубот дојде од Виљареал.
На местото на Реина премиерлигашот го ангажираше младиот белгиски голман Симон Мињол.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ