Рамош херој, Португалија ја декласираше Швајцарија

Од:

Португалија и без Кристијано Роналдо супер лесно се справи со Швајцарија во 1/8-финалето на Светското првенство во Катар и си обезбеди четвртфинален дуел со Марко. Португалците триумфираа со 6-1 во последниот натпревар од осминафиналната фаза.

Гонсло Рамош беше херој во убедливиот триумф на Португалците, постигна три гола и го забележа првиот хет-трик на овој Мундијал. Во првиот меч од нокаут-фаза на Светските првенства тој погоди во 17, 51 и во 67 минута. Стрелаа и Пепе, Рафаел Гереро и Леао. Единствениот гол за Швајцарија го постигна Аканџи по девет минути од второто полувреме.

Кристијано Роналдо доби шанса во завршните дваесетина минути од натпреварот кога веќе неговата репрезентација имаше високи 5-1 и осигурена победа.

Мундијалот во Катар ќе продолжи по два дена пауза, четвртфиналните дуели се закажани за в петок и за в сабота. На првиот ден играат Холандија-Аргентина и Хрватска-Бразил, полуфиналната шема ќе ја комплетираат пресметките Англија-Франција и Португалија-Мароко.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата