Рајола најави можно враќање на Погба во Јувентус

Од:

Не е исклучена можноста Пол Погба на крајот од оваа сезона да го напушти Манчестер јунајтед и да се врати во Јувентус, најави денеска менаџерот на францускиот репрезентативец Мино Рајола.

Тој во изјава за италијанските медиуми рече дека за такво сценарио интерес ќе треба да покаже и Јувентус.

– На Пол Погба во јуни му истекува договорот, така што ќе седнеме да разговараме со Манчестер Јунајтед и ќе видиме што ќе се случи. Јувентус? Пол сè уште го сака Торино. Да, постои шанса Погба да се врати во Јувентус, но тоа ќе зависи и од плановите на Јувентус, изјави Рајола за Раи Спорт.

Погба (28) настапуваше за Јувентус од 2012 до 2016 година кога премина во Јунајтед, клубот во кој во 2011 година ја почна својата кариера.

Би можело да ве интересира

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

УЕФА: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ