Агентот Мино Раиола не ја отфрли можноста Златан Ибрахимовиќ да се приклучи на Милан, како и Пол Погба да се врати во Јувентус.
– Ќе го потврдам она што веќе го реков. Мојот однос со новите директори на Милан е одличен, па вратата за Ибрахимовиќ е отворена. Сите опции остануваат достапни, изјави Раиола за евентуалниот трансфер на 37-годишниот Швеѓанец.
Агентот зборуваше и за можноста Погба да се врати во Јувентус по две сезони и половина во Манчестер Јунајтед.
– Во моментов Погба е спокоен, бидејќи се чувствува важен во Јунајтед. Но Торино и Јувентус остануваат во неговото срце. Се е можно, вели Италијанецот.
Ибрахимовиќ беше дел од тимот на „росонерите“ меѓу 2010 и 2012 година. Погба пак игра во Јувентус меѓу 2012 и 2016 година.