Раиконен: Преговорите за нов договор со Алфа Ромео завршија брзо

Од:

Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, е задоволен од начинот на кој беа завршени преговорите за продолжување на договорот со тимот за сезоната 2021 година.

– Го потпишавме договорот во четвртокот. Постојано ме прашуваа за иднината, но не сакав да лажам додека не потпишам ништо. Сè помина без проблеми, имаше само многу аспекти кои се однесуваат на работата на тимот и мојот тим. Преговорите не траеја долго, ги завршивме скоро веднаш откако започнавме. Сега никој во Алфа Ромео не е задоволен од позицијата на тимот, но таква е ситуацијата. Нашата цел е да станеме подобри. Треба само да работиме подобро следната година, се надевам дека ќе бидеме позадоволни од резултатите во сезоната 2021 година, изјави Раиконен.

Покрај Финецот, договорот со Алфа Ромео го обнови и Антонио Џовинаци.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона