Работнички противник на Кожув во финалето од купот

Од:

Со добра тимска игра и водство во најголемиот дел од натпреварот, Работнички синоќа го совлада Куманово со 76:63 и му се реваншира за минатогодишната елиминација од кошаркарскиот Куп на Македонија.

Тодор Гечевски со 16 поени и 9 скокови беше најефикасен во победничкиот тим, а двоцифрени беа и Димчевски и Гечевски со 14, односно 13 поени. Особено впечатлив меч со важни реализации во второто полувреме имаа и Јане Петровски и Игор Бјелиќ.

Во составот на Куманово, Урош Луковиќ заврши со дабл-дабл од 18 поени и 12 скокови во тешката битка под кошевите главно со Чековски и Бјелиќ, а меѓу најистакнатите беа и Јанески со 16 поени и Костоски кој додаде 13 поени со 7 асистенции.

Со овој триумф, Работнички обезбеди свое 13-то финале во Куп натпреварувањата и вечер за својот деветти трофеј ќе игра против Кожув. Почетокот на тој натпревар е закажан за 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Како увертира на таа средба, ќе се одигра и младинското финале од Купот во кое од 17:00 часот ќе играат МЗТ Скопје Аеродром и Вардар.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ