Пуштен во употреба спортскиот центар „Јане Сандански“

Од:

На локацијата на поранешната сала на МЗТ Скопје во Општина Аеродром денеска беше пуштен во употреба нов спортски центар „Јане Сандански“. Инвестицијата  во мултифункционалениот спортски комплекс во чиј состав е изграден и хотел „Русија“, изнесува 15 милиони евра, а ја реализира  рускиот  бизнисмен Сергеј Самсоненко преку јавно-приватно партнерство со Општина Аердором.

На пуштањето во употреба на централната сала со капацитет од 6.500 посетители  и на хотелот присуствуваа премиерот Никола Груевски, инвеститорот Самсоненко, градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, генералниот менаџер на Спортскиот центар Надица Димовска и гереналниот менаџер на хотелот „Русија“ Дина Муцунска.

Според премиерот Груевски, инвестицијата од 15 милиони евра ќе отвори најмалку 50  работни места и има големо и повеќекратно значење.

– Два големи клуба  од Скопје, РК „Вардар“ и КК МЗТ Скопје добиваат сопствен дом и арена во која ќе може да тренираат, да натпреваруваат и да ги продолжат добите резултати од минатото.  Младите кои се дел од овие кулубови, но и сите деца, млади и постари кои ќе го посетуваат овој спортски комплекс, професиоално или рекретивно добија исклучително модерен објект во кој  ќе биде задоволство да се игра и да се спортува. Љубителите на спортот и навивачките групи добија  нова и модерна сала со нова и и поинаква атмосфера да се навива  и да ги бодрат милениците. Од безбедносен аспект оваа сала е најмодерната во Македонија, рече Груевски.

Новата сала, истакна, е уште еден успешен проект за Општона Аеродром, а Скопје доби  капитален проект   кој го подбрува имиџот на градот како потенцијален домашин на многу европски и светски збиднувања.

Рускиот инвеститор потенцираше дека добил поддршка и наишол на одлична соработка  од општинските власти и службеници и надлежните министерства за изградбата на објектот. – Овој објект го направивме сите заедно. Во процесот на изградба на Спортскиот центар учествуваа над 60 македонски компании, пет странски од Русија, Србија и од Словенија. Ангажирани беа околу 1.600 работници, наведе Самсоненко.

Најдовме, посочи, вистинското име за спортскиот центар и за хотелот, Јане Сандански како истакнат македонски револуционер и Русија како негова татковина.

Покрај арената  во СЦ „Јане сандански“ отворени се и помошна спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.000 посетители, како и конгресен центар. Дел од комплексот треба да бидат и тениски игралишта, фитнес и аеробик центар.

Хотелот „Русија“ располага со 61 соба и апартмани, од кои еден претседателски апартман, шест „супериор“, 28 еднокреветни соби, 12 „твин“ и 14 „дабл“ соби. Хотелот ќе содржи спа центар и руф бар.  Со неговата изградба, според премиерот, се дава дополнителна вредност на целиот комплекс и се зголемува туристичката понуда на целиот објект.

СЦ „Јане Сандански“, укажа Груевски, е продолжение на инвестициите и активностите за развој на спортот во изминатиот период, меѓу кои изградбата на националната арена „Филип Втори“, СРЦ „Борис Трајковски“, на спортски сали и тениски игралишта, воведување награди за  спортисте, основањето на Спортската академија…..

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен најдобриот голфер на светот

Предраг Петровиќ

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он