Денеска ќе се одиграат натпреварите од прва рунда за пласман во Втората македонска фудбалска лига.
Според одлуката на Фудбалската федерација на Македонија, сите натпревари за место во второлигашката конкуренција ќе се играат на неутрален терен. Двојките за натпреварите кои ќе се играат денеска од 16 часот) се: Кожуф, Гевгелија – Гоблен, Куманово (градски стадион Кочани), Зајази, Зајас – Младост, Царев Двор (градски стадион Прилеп), Победа Јуниор, Прилеп – Влазерими, Кичево (градски стадион Штип) и Вардар Неготино – Беласица, Струмица (стадион Ѓорче Петров).
Во оваа фаза од баражот се игра еден натпревар. Доколку дуелот по регуларните 9
0 минути заврши без победник се продолжува кон продолженија од два пати по 15 минути. Ако во случај нема победник и по продолженијата тогаш натпреварот се решава на пенали.
Екипите кои ќе поминат во следната фаза ќе играат два натпревара (дома-гости) повторно на неутрален терен.
Двојките за оваа фаза ќе бидат познати во понеделник на 2 јуни.