Кошаркарите на Црвена Звезда вечерва ќе ја имаат првата меч топка за шампионската титула во регионалната АБА лига.
Актуелниот првак во ова натпреварување вечерва гостува во Загреб кај Цедевита во третиот дуел од големото финале.
Црвено-белите веќе имаат предност од 2-0 во победи остварена по првите две средби одиграни во Белград, па доколку вечерва забележат победа во Загреб, ќе стигнат до „хет-трик“ односно трета шампионска титула во низа во АБА конкуренцијата.
Вечерашниот меч меѓу Цедевита и Црвена Звезда ќе се игра во терминот од 19 часот.