Просинечки: Ќе ја тужам Ѕвезда!

Од:

Доскорешниот тренер на Црвена Ѕвезда, Роберт Просинечки, за Спортски журнал, изјави дека ќе мора да ги тужи „црвено-белите“ поради неисплатени плати.

Црвена ѕвезда се уште не започнала да му го исплаќаат долгот на Просинечки, а хрватскиот експерт уште повеќе бил повреден што никој не му одговарал на телефонските повици.

„Сеуште не сум ја тужел Ѕвезда, но раководството на клубот со своето некоректно однесување ме тераат тоа да го направам. За неколку дена, најверојатно ќе се обратам до УЕФА“, изјави Просинечки.

Тој истакна дека е свесен во каква ситуација се наоѓа клубот, но не може да помине преку се.

„Знам дека Ѕвезда има проблеми, но не ми дадоа ниту еден аргумент дека ќе ми го наплатат заработеното. Таква некоректност не можев ниту да замислам. Мојот адвокат десетина пати ги бараше, не се јавуваа. Дури во понеделникот стапија во контакт. Никој не ми се јави да ме испочитува.

– Роковите одамна поминаа, ми останува да се обратам единствено во УЕФА или да им го простам долгот. Трето нема“, вели Просинечки.

Според неофицијалните информации, Црвена Ѕвезда му должи околу 280 илјади евра на Просинечки.

„Додека работев не сакав моите примања гарантирани со договор да ги ставам во прв план. Треба да добијам 20 плати“, рече Просинечки.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ