Промовиран новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Од:

Алеш Пипан, новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, денеска беше промовиран во просториите на Македонската кошаркарска федерација.

– Да се биде тренер на Македонија е чест и обврска. Не чека тешка обврска добро да се подготвиме за ЕП. Македонија направи огромен успех на последниот еврошампионат и постави високи норми. Мојата цел е да се оформи игра која ќе биде уверлива и која ќе дава резултати. За да го постигнеме тоа најпрво ќе треба да ги обезбедиме сите играчи на кои ќе сметаме да дојдат во репрезентацијата, рече македонскиот селектор.

Пипан најави постепено подмладување на селекцијата, но како што рече, тоа не смее да биде на сметка на резултатите на А-репрезентацијата.

– Ако младите играчи се квалитетни и ги задоволуваат критериумите да влезат во составот ќе добијат шанса, но само колку да се рече дека правиме подмладување, а поради тоа да трпи репрезентацијата на резултатски план, тоа нема да се случи, нагласи Пипан.

Тој не сакаше да прогнозира околу пласманот и неговите очекувања на првенството.

– Најважно е сите потенцијални репрезентативци да одговорат на повикот. Ние ќе одиме чекор по чекор. Со малку среќа, со добра работа, со поддршка од целокупната спортска јавност, верувам во добар настап. Сите репрезентации имаат проблеми на почетокот од подготовките да ги обезбедат сите репрезентативци, па така и ние ќе мора да се прилагодуваме во од, изјави Пипан.

Македонскиот селектор потенцира дека прв избор за натурализиран играч останува Лестер Бо Мекејлеб, но и другите четворица странци со македонски пасош ќе бидат следени.

53-годишниот Словенец на клупата на Македонија доаѓа на местото на Марјан Лазовски. Пипан во својата богата 20-годишна тренерска клупска кариера ги предводел екипите на Лашко, Слован, Крка, Загорје, Марибор, Анвил, Задар, а во мометнов е тренер на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Освен во клубови, тој работел и како селектор на Словенија (2004-08) и на Полска (2010-13).

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ