Продолжуваат квалификациите за СП 2014

Од:

Шеснаесет натпревари од квалификациите за Светското фудбалско првенство во Бразил 2014 година, ќе бидат одиграни денеска ширум Европа.

Македонската фудбалска репрезентација е слободна во овој термин, но затоа во квалификациската група А, во која настапува Македонија, вечерва ќе се играат два интересни натпревар.

Во Загреб од 20 часот и 15 минути ќе стартува натпреварот меѓу Хрватска и Шкотска. Додека половина час подоцна (20.45) својот натпревар ќе го започнат Белгија и Србија.

По шест одиграни натпревари во оваа група на првите две позиции се Белгија и Хрватска со по 16 бодови. По нив следуава Србија со 7, Велс со 6, Македонија е пета со 4 бодови, а последена е Шкотска со 2.

Во останатите групи денеска ќе играат:

Група Б: Ерменија – Малта и Чешка – Италија.
Група Ц: Република Ирска – Фарски Острови и Австрија – Шведска.
Група Е: Албанија – Норвешка и Исланд – Словенија.
Група Ф: Азербејџан – Луксембург и Португалија – Русија.
Група Г: Летонија – Босна и Херцеговина, Лихтенштајн – Словачка и Литванија – Грција.
Група Х: Молдавија – Полска и Црна Гора – Украина.
Група И: Финска – Белорусија.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ