Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија очекува решение за состојбата на ФК „Кожуф“

Од:

Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија, Александар Атанасов, на социјалните мрежи изрази незадоволство од состојбата со фудбалскиот клуб „Кожуф“ од Гевгелија.

„Не е ништо за лошо направено, останува да се дефинираат уште ситни работи и јас мислам дека се ќе се среди во најскоро време“, напишал коментар Атанасов. Тој побара конечно двата фудбалски клуба „Миравци“ и „Кожуф“ да ги смират страстите.

Ваквите констатации за постоење на некакви фудбалски страсти од првиот човек на партијата на власт во општината предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, меѓу кои свои факти изнесоа играчи на ФК „Кожуф“, членови на навивачката група „Фантоми“, кои се верни поддржувачи на гевгелискиот клуб „Кожуф“, член на Советот на општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој гласал за одлуката Градскиот стадион во Гевгелија да се додели на ФК „Миравци“, од кога започнаа сите проблеми за гевгелискиот клуб со одземање на игралиштето и клубските простории.

1

Атанасов се огради од одлуката бидејќи за неа не гласал, на што предизвика револт кај советникот Томе Ќучуков. Од друга страна, членовите на „Фантоми“ бараат од претседателот на партијата, кој се вклучи во коментари низ социјалните мрежи, да се овозможи „Кожуф“ да игра во недела на Градскиот стадион, бидејќи секоја недела стадионот е заклучен, а за фудбалерите на Кожуф недостапен.

4

3

Преписката привлече повеќе учесници, кои кај соговорниците од политичкиот блок на власта препознаа поддржувачи на проектот Миравци да дојде во Гевгелија, а ФК „Кожуф“ да згасне.

„Не се трудете многу“, е пораката на играчите на „Кожуф“. „Ако Кожуф нема да игра во Третата фудбалска лига ќе игра во 4-та фудбалска лига и пак ќе опстои“, велат фудбалерите.

7

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

ЦУК: Спасен е човекот кој беше завеан и кој одбиваше помош за да не ги остави своите кучиња

Орце Костов