ЦУК: Спасен е човекот кој беше завеан и кој одбиваше помош за да не ги остави своите кучиња

Од:

Лицето, што се јавило дека е „отсечено“ од снегот, во викендичка над с. Радња, во месноста „Гатеново“ на планината Кожув, кое прво одбило помош во понуден оштински „оффроуд“ можен превоз со теренски четирицикл (4х4), бидејќи не знаел што да прави со неговите две кучиња, вчера е успешно спасено и евакуирано до својот дом во Кавадарци.

Регионалниот ЦУК Кавадарци известува дека екипа од Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци вчера во со трактор со специјализирана опрема – нож за сечење дрвја, и едно теренско 4х4 возило организирале и извршиле акција за да го извлечат лицето коешто беше завеано во мсноста „Гетеново“, а со себе имале и човек кој го познава добро теренот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга.

Патот до таму е земјен, а висината на снежната покривка е околу половина метар и имало многу искршени гранки и дрвја од тежината на снегот што го попречувале планинскиот земјен пат.

„Доцна вечерта, Регионалниот ЦУК Кавадарци се јавија и известија дека се слушнале со човекот и дека истиот е дома и во добра состојба. Тој изразил голема благодарност до Општина Кавадарци и на сите инволвирани во неговата безбедносна евакуација.

При ова информирање е неодминливо и важно тоа што информацијата преку медиумите вчера предизвика и хумана реакција во општеството и други поединци и здруженија да се јават за да помогнат. Но, беше оценето дека Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци е доволна за спасувачката евакуација на завеаниот граѓанин од Кожуф.

Тоа е пример на позитивна моќ и улога на медиумите во општеството, кога и преку одвојување време за сервисни информации ја поттикнуваат хуманата страна на луѓето во нашата држава и ја јакнат колективната свест за помагање меѓу себе, секако и со едукативна конотација како тоа се остварува (почнувајќи од јавувањето на европскиот, а сега и македонски единствен број за итни случаи 112 во ЦУК) и секако дека тоа е пожелно да е во координација со тие коишто и професионално го реализираат извлекувањето и спасувањето – со институциите од Системот за управување со кризи (СУК)“, информираат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати

ЦУК: Активни се девет пожари низ државата

ЦУК: Пет пожари се активни, а четири се под контрола

Горан Наумовски

Денеска има рекорден број на пожари во еден ден низ Македонија

Горан Наумовски

ЦУК: Девет пожари на отворено од кои пет се активни

Горан Наумовски

ЦУК предупредува: Многу висок FWI попладнево носи зголемен ризик од шумски и отворени пожари