Пренесувањето на Олимпискиот оган го измислил Адолф Хитлер

Од:

Пренесувањето на факелот стана вообичаена традиција на Олимписките игри, но малкумина, меѓутоа, знаат дека идејата за негово штафетно пренесување од грчката Олимпија до градот каде се одржува спортската манифестација потекнува од озлогласениот нацистички лидер Адолф Хитлер.

Вообичаена е постапката огнот да се запали во Олимпија според древните обичаи, со помош на сончевите зраци и огледало. Палењето го прават жени облечени во облека на антички свештенички на богот Зевс.

Вака добиениот пламен, како Олимписки факел штафетно го носат илјадници луѓе, преку сите континенти, се до градот во кој треба да се одржат Олимписките игри а потоа до одреденото место на Олимпискиот стадион на кој огнот гори се до крајот на Игрите, кога ќе биде изгаснат.

Штафетното пренесување на факелот, какво што денес го познаваме, меѓутоа нема ништо традиционално. Таа пракса во 1936 година ја вовел нацистичкиот режим.

Историчарите наведуваат дека Хитлер бил против одржување на Олимписките игри, кои ги сметал за еврејска и масонска измислица, но го сменил мислењето под влијание на Јозеф Гебелс, кој успеал да го убеди дека организирањето Олимпијада во Берлин би можело да послужи како одлична демонстрација на нацистичката моќ и престиж.

Гебелс во ОИ ја видел единствената можност да се покаже надмоќта на германскиот народ.

Хитлеровиот министер за пропаганда дошол на идеја за штафетно носење на факелот, како еден вид поврзување на нацистичкиот режим со античка Грција.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он